Учество на Драмски аматерски фестивал во Кочани

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Трудољубивоста, ангажираноста, посветеноста и желбата да се даде најдоброто од себе, секогаш ги даваат своите резултати.

Ни претставува особено задоволство и не исполнува со радост фактот што селекторите на годинешниот Драмски аматерски фестивал во Кочани го препознаа квалитетот и талентот на нашите ученици.

Младите актери при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ Велес, вљубеници во театарската уметност, ќе ја претставуваат Гимназијата „Кочо Рацин“ на овој реномиран фестивал на аматерски театри кој се одржува во Кочани во периодот од 20 до 26 мај, 2024 година. Тие ќе ја изведат театарската претстава „12.Ноќ“ од Вилијам Шекспир, која ја подготвија и изведоа по повод Денот на училиштето. На 22 мај во Кочани, нашите млади актери ќе ги покажат своите актерски способности на иста сцена на која што ќе настапат и претставници на театри од повеќе земји од Балканот, кои зад себе имаат долгогодишно искуство на театарската сцена.

Им посакуваме достојно да ја претстават нашата Гимназија, успешно да  настапат на фестивалот и да понесат со себе убави спомени.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den