Учество на настанот за презентација на моделот на ко-менаџмент тело при средните училишта

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Во рамките на проектот EmpoweredEd  со поддршка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во Скопје во  „Рагуза 360“, се одржа настан на кој се презентираше моделот на ко – менаџмент телото во средните училишта изработен од страна на претставниците од осум училишта од нашата земја директно вклучени во проектот. Преку работа во групи, присутните имаа можност да дадат свој придонес со коментари и предлози со цел зајканување на овој модел и истакнување на неговото значење. Креираните механизми гарантираат учество на учениците во процесот на носење одлуки во училиштата, поттикнуваат активно вклучување на учениците во училишниот живот, чувство на припадност, но и чувство на одговорност кон училишните процеси.

Од нашето училиште на настанот присуствуваше Жанет Јанев – Сарагиновски, одговорна професорка на Училишната заедница во Гимназија „Кочо Рацин“.   

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: