На 26 април во ООУ „Блаже Конески“ – Велес се одржа 47. општински натпревар по прва помош, организиран од општинската организација на Црвен крст, Велес.Учениците: Владимир Митревски, Андреј Панчевски, Вања Андова, Матеј Богатинов, Катерина Здравева и Александра Кимов од прва година, кои се натпреваруваа првпат на овој натпревар, го освоија второто место. Со тоа учениците покажаа дека секогаш сакаат и умеат да ја покажат својата хуманост и човекољубие.
Ментор: Елизабета Николовска