Магичниот свет на Шекспировата „12. Ноќ“ – претстава по повод Патрониот празник

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

После долгата и макотрпна работа, како и огромниот труд кој се вложи
изминатите месеци, на 26ти декември, за првпат се прикажа „12. Ноќ“, претставата
на младите актери од Гимназијата, припремена по повод овогодинешната
прослава на Патрониот празник. Особена благодарност учениците и професорите
изразија кон режисерот од велешкиот театар, Ненад Витанов, кој ги даде сите
напори за да се реализира претставата, на професионално ниво. Под водство на
професорките Весна Павлова и Цветанка Карамаркова, учениците подготвија
вистински спектакл за велешката публика. Громогласен аплауз следеше после
многу од репликите, а во едночасовниот период, воздухот на Големата сала во
театарот беше исполнет со гласна смеа и ведрина.
„12. Ноќ“ е Шекспирова романтична комедија која започнува со бродолом што ги
разделува близнаците, Виола и Себастијан. Виола, мислејќи дека нејзиниот брат е
мртов, се маскира во човек по име Цезарио и стапува во служба на војводата
Орсино и почнува да се додворува на господарката Оливија. На сето ова, пијаните
Сер Тоби и Сер Андреа Треската, намуртениот Малволио, итрата Марија, веселата
пејачка, и сите други вработени во дворецот на господарката и војводата,
додаваат вистински хумористични ситуации и сплетки. Следат погрешни
идентитети, што доведуваат до серија љубовни преплетувања.
Учениците, младите актери, ни кажаа дека имаат голема надеж за второ
прикажување на претставата, пред помладата публика, односно сите ученици од
Гимназијата. Дознавме и дека учениците, планираат, да се претстават во најдобро
светло, на театарски фестивал, наредната година, за каде би им посакале многу
среќа и успеси.
Автор: Кристијан Мартинов
Фотографии: Ивана Јанкуловска

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den