Ѓорѓи Николов Делчев, познат како Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903)— македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.